-->
-->
Приведени 6 возачи во текот на изминатото деноноќие, 3 од нив имале активна забрана за управување моторно возило
-->

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, три лица управувале патнички возила со активна мерка забрана за управување моторно возило управувале, и тоа: С.С.(35) од Кичево, Ш.Ф.(58) од с.Чичево, oпштина Градско и М.П.(42) од с.Стајковци, скопско.
Две лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа: Б.С.(40) од Прилеп и Т.Л.(74) од Радовиш.
Додека, пак, без положен возачки испит возел Е.Р.(30) од с.Морани, Општина Студеничани.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, соопштува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
