Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин

На 31.01.2026 во периодот од 19:30 до 22:45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Ш.Ш.(51), М.Х.(23), Ф.Ш. (53) од с. Чегране и 17-годишна малолетничка од с. Волковија.
По претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, извршен е претрес во угостителскиот објект во с. Чегране, сопственост на првопријавениот, при што кај М.Х. се пронајдени и одземени шест паковки со кокаин. Во помошна просторија на објектот бил пронајден гасен пиштол, додека во фиока од комода била пронајдена прашкаста материја и пари.

Ш.Ш. и М.Х. се лишени од слобода, а во врска со кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, од слобода се лишени и Ф.Ш. и 17-годишна малолетничка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
-

2,3 милиони евра за реконструкција на државниот студентски дом во Штип
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
