Приведени две лица од Кавадарци, при преглед и претрес пронајдени дрога и пари

На 25.11.2026 во 19:35 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Д.Н.(36) и Н.А.(40), двајцата од Кавадарци.
Тие биле забележани како разменуваат предмети и при преглед кај Д.Н. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а кај Н.А. биле пронајдени и одземени пари.
Исто така, по издадена наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот на Н.А., каде биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, метална вага, пари и останати предмети.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Во координација со јавен обвинител до Основен суд Кавадарци ќе биде поднесен предлог за одредување мерка притвор за Н.А., соопштува МВР.
Ново на Сител
-

На скопската Брза помош и треба итна помош!
-

Надзорна расправа за Алта банка
-

Мицкоски пред патувањето во Брисел: Одбивам разговори за билатерални прашања
-

Дебата за новиот Кривичен законик, има ли простор за неказнивост?
-

Со два специјални закони до поевтини домови за млади брачни парови
-

Клучните закони за спречување на насилството се закочени во Парламентот
-

„Своја на своето“ - кампања против насилството
-

Владата мобилизираше шест институции за решавање на проблемот со кравите во Крива Паланка
