Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек

Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол се приведени, а приведен е и возач од Кочани кој возел во спротивна насока на кружен тек.
Во Велес во 04:55 часот приведен е З.Ј.(29) кој на улицата „Димитар Влахов“ со возило „сеат“ удрил во метална канделабра. Тој имал 1,66 промили алкохол во крвта.
Во Тетово во 00:54 часот приведен е 19-годишниот А.З. од селото Порој, кој на улицата „Иво Рибар Лола“ со патничко возило „фолксваген голф“ удрил во рабник, а при преземање мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,68 промили алкохол во крвта. Подоцна, во Клиничката болница Тетово, тој физички нападнал полициски службеници додека вршеле службени дејствија.
Во 01:50 часот во Кочани, приведен е Д.Ѓ.(69) затоа што управувал патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки на кружен тек во спротивен правец и продолжил да се движи во спротивната насока по ул. „Димитар Влахов“ во Кочани.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

„Безбеден град“ дава резултат
-

Премиерот најави ново линеарно зголемување на пензиите
