-->
-->
Приведено 33-годишно лице за превезување стока без документација
-->
Околу 17:30 часот, полициски службеници од СВР-Скопје - Полициско одделение-Мирковци го лишија од слобода В.Р. од село Танушевци, скопско.
При вршење на мотопатролна дејност, во село Кучевиште, скопско, полициските службеници запреле товарно возило „цитроен“ со скопски регистарски таблички, управувано од В.Р. и при преглед на возилото, констатирано е дека во него превезувал стока за што не поседувал никаква документација, појаснија од МВР.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија