-->
-->
Проблеми со Фејсбук и Инстаграм ширум светот
-->

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм „паднаа“ ширум светот, поради што илјадници огорчени корисници објавија за тоа на Твитер.
Корисниците во јужниот и југоисточниот дел на Англија меѓу првите почнаа да „доживуваат проблеми“. Но подоцна и корисниците во САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови на Европа, исто така, го споделија својот гнев.
И на двете страници на овие социјални мрежи се појавуваат пораки за грешка при обидот да се вклучат корисниците.
– Упс… Нешто тргна на лошо. Работиме за да ја поправиме грешката што е можно побрзо, гласи пораката на Фејсбук.
Засега не е јасно која е причината за проблемот и колку ќе трае отстранувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
