Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

Во синоќешните руски воздушни напади врз украинскиот град Днепар и врз регионот Синелникове загинаа две лица. Нападите предизвикал пожар врз приватни објекти и домови, петкатна зграда, гасовод и автомобили.
Украинската противвоздушна одбрана на Телеграм објави дека во текот на ноќта пресретнала и уништила две балистички ракети „Кинџал“ и 91 беспилотни летала.
Една ракета и 41 дрон погодиле цели во 13 места во Украина.
Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа биле пресретнати и уништени 64 украински дронови.
Дваесет и пет украински беспилотни летала биле пресретнати над Рјазанската област, 17 над Ростовскиот регион, осум над Тамбовскиот регион, пет над Воронежскиот регион, по два над Белгородскиот, Саратовскиот и Липецкиот регион, и по еден над Тулскиот и Самарскиот регион, како и над Република Татарстан.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски - за 8 години има 6000 помалку новороденчиња или 6 км празни училници
-

Ѕид на срамот
-

Куче починало по престој во пансион – сомнежи за зараза со парвовироза, АХВ на терен
-

Преглед на вестите од светот
-

Родители на жртвите сведочат на судењето за Кочани
-

Новиот Закон за Судски совет денеска пред пратениците
-

Левица со предлог Закон - Да нема отказ при бременост
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
