Проект за детектирање на талентирани деца
По примерот на европските земји, во македонските градинки започна со имплементација на Програми со чија помош ќе се откриваат деца кои имаат посебни таленти. Програмите ги чинат одредени активности, различни методи и техники на настава од самите воспитувачи кои работат на откривање, поттикнување и поддршка на тие надарени деца.
- Согласно со програмата работиме за деца со пречки во развојот и нивна инклузија, така што се надевам дека ќе успееме и на ваков начин да дадеме внимание и на талентираните деца кои утре ќе бидат носители во нашето општество, изјави Илија Митрев, претседател на Здружението на воспитувачи на Македонија.
Праксата покажала дека вработените во детските градинки веќе препознаваат деца кои убаво пеат, цртаат или имаат некој друг афинитет. Сепак, талентот е само мал процент, сето останато е континуирана работа, додава Митрев.
- Покрај талентираните деца, од нив учат и останатите дечиња во групата и тоа е многу голем напредок за целата група и за воспитувачките кои се вклучени во овој процес. Соработката со родителите, веднаш ги известуваме дека нивното дете поседува некаков талент, да го поттикнуваат, да му даваат поддршка во иднина да го работи тоа, бидејќи, за она што поседуваме талент во животот треба да го развиваме, изјави Митрев.
Од друга страна, поради немање на доволен број дефектолози кои ќе работат со деца со посебни потреби, кои за жал ги има се повеќе во предучилишните установи, воспитувачите се обучуваат за нивно професионално згрижување, едукација и инклузија.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар