Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Претпладне ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 13 до 21 степен.
Во Скопје, променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на променливо облачно и посвежо време со утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. В четврток ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер, над 60 километри на час.
Вo петок кон крајот на денот, во текот на ноќта и в сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег.
МИА
Ново на Сител
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
-

Крмзов и обвинетите не се чувствуваат виновни, одбраната тврди: Обвинението е неосновано, нема штета врз буџетот
-

Реконструирани шест од предвидените десет хируршки сали на Клинички
-

Преглед на вестите од светот
