Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Наместа се очекуваат поинтензивни атмосферски процеси со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, грмежи, ветер со брзина над 60 километри на час и појава на краткотрајно невреме проследено со град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Според прогнозата на УХМР, до средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.
МИА
Ново на Сител
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
