Променливо облачно, во западните делови повремено ќе има засилен ветер

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно.
Повремен дожд ќе има претежно во западните и североисточните делови.
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, а температурите ќе бидат во постепено опаѓање.
Врнежи од дожд ќе има во недела и во понеделник.
Поради продор на постуден воздух од север во понеделник попладне на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.
МИА
Ново на Сител
-

Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува
-

Тема на денот со претседателот на РКЕ, Ацо Ристов
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
