Променливо облачно време со дожд попладне, температури до 16 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот на повеќе места во државата се очекуваат врнежи од дожд.
Од Управата за хидрометеоролошки работи соопштуваат дека по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и кон крајот на денот се очекува дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со температура од 6 степени наутро до максимални 14 степени во текот на денот.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Според прогнозата, од утре под влијание на јужно воздушно струење температурите постепено ќе се зголемуваат и повторно ќе бидат над просекот за овој период од годината.
Во наредните денови ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а од среда тој повремено ќе достигнува и над 60 километри на час, особено во западните делови од земјата.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
