Пронајдена бела прашкаста материја во Чегране, двајца со БМВ се обиделе да ги прегазат полицајците

На 12.11.2026 во 20:35 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишија од слобода Х.С.(26) од с.Чегране. При преглед во патничко возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
За време на преземањето на службените дејствија, пред домот на Х.С., со патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки се доближиле В.Ч.(24) и А.Н.(35), двајцата од с.Чегране, при што со возилото се обиделе да ги прегазат полициските службеници и им упатиле закани по животот, по што побегнале, но набргу, по преземени мерки, пронајдени се и лишени од слобода.
По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
