-->
-->
Протест на медицински сестри и немедицински персонал во Загреб
-->
Синдикатите на хрватските медицински сестри и немедицинскиот персонал денеска во 11 часот организираат протест во Загреб на кој уште еднаш ќе ги истакнат барањата за зголемување на коефициентот на плата за најмалку десет проценти и подобрување на условите за работа.
На протестот под слоганот „И ние сме здравство“ најавени се меѓу 500 и 1.000 учесници, медицински сестри, техничари и немедицински персонал од цела Хрватска.
Организатори се Хрватскиот сојуз на медицински сестри и Самостојниот здравствен синдикат, кои посочуваат дека медицинските сестри, техничарите и немедицинскиот персонал се недоволно платени, преоптоварени и работат во лоши работни услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија
-
Сиљановска: Нема услов кој Македонија не го исполнила