Протест на земјоделците во Брисел со барање за „силен“ буџет за земјоделството
Околу 500 претставници од европски земјоделски здруженија и синдикати денеска одржаа протести во Брисел, со барање за обезбедување на „силен“ буџет на ЕУ и за Заедничка земјоделска политика (ЗЗП) „базирана на солидарност“.
Протестот се одржа во периодот кога Европската комисија ја узвојуваше и ја презентираше Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на ЕУ за периодот од 2028 до 2034 година, со која се предвидува намалување од средства за Заедничката земјоделска политика за 20 отсто и префрлање на надлежноста за распределба на средствата за земјоделски програми на националните власти на земјите членки на ЕУ.
На протестот учествува претставници на земјоделски федерации од Австрија, Белгија, Грција, Ирска, Италија, Полска, Португалија, Франција и Шпанија, како и од Србија.
Протестот започна во 14 часот на плоштадот Луксембург пред Европскиот парламент, од каде демонстраните се упатија пред седиштето на Европската комисија, каде оставија десетици пара чизми.
Во обраќањето на собирот пред Еврокомисијата, претседателот на Валонската земјоделска федерација (ФВА), Филип Дививје, ја критикуваше предложената буџетска рамка о повика на „солидарност за да се обезбедат идните генерации“.
- Не можеме да ја обезбедиме оваа иднина без силен, солидарен и заеднички буџет за земјоделството, истакна Дививје.
МИА
Ново на Сител
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен