Протестни колони студенти и средношколци низ улиците на Нов Белград, приведени пратеници кои го блокираа автопатот кај Нови Сад
Две големи протестни колони студенти, граѓани и средношколци се сретнаа на Бранков мост околу 13 часот, а потоа заедно тргнаа на прошетка низ улиците на Нов Белград.
Голем транспарент со натпис „Од двете страни на реката“, носен од студентите кои претходно го блокираа сообраќајот пред српската Влада, беше додаден на транспарентот „Градот е наш“ кога се сретнаа двете колони, што го носеа учесниците во колоната што беше дојдена од правец на Земун и Нов Белград, главно средношколци.
Учесниците во колоната повремено скандираат „Генерален штрајк“ за време на протестната прошетка низ Нов Белград.
Неколку опозициски пратеници и советници, пак, кои денеска го блокираа автопатот кај Нови Сад беа приведени во полициски автомобили и однесени на „итна постапка“, објави на социјалните мрежи заменик-претседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.
„Не разделија. Со полициско возило по итна судска постапка ги носат нашите покраински пратеници и советници и колеги Милан Васиљевиќ, Владимир Вршајков, Дејан Чортан, Дејан Врсајков – за сообраќаен прекршок. И покраинската пратеничка Мара Пушкаш е во одвоено полициско возило зад мене“, напиша Тепиќ.
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска поднесе оставка
-
Втор ден потрага по 16 годишното девојче кое исчезна во водите на Вардар
-
Пожарот на планината Серта ставен под контрола, но се уште гори
-
СДСМ: Историска измама на власта, над 318.000 пензионери се оштетени
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити градоначалникот тепач на Крива Паланка
-
Комунални екипи на 5 скопски општини го расчистуваат просторот на скопското Кале
-
Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
-
Преглед на вестите од светот