Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо

Путин оцени дека режимот во Украина одамна се претворил во диктатура и дека обидите на Западот да го претстави корумпираниот режим како заштитник на демократијата се чудни.
„Украинското раководство не брза да одржи избори, како што е познато, тие дури сакаат да ги попречат нашите избори“, рече Путин, пренесуваат руските медиуми.
Според него, на режимот во Киев му е потребна војна за да остане на власт.
Путин истакна дека режимот во Киев предлага наводно обновување на преговорите, но со своите активности прави сè за да се осигура дека нема преговори или мир.
„Невозможно е да се заплаши Русија, тоа е очигледно за сите“, рече тој.
Рускиот претседател истакна дека европските лидери ги користат Украинците како топовско месо.
„НАТО се шири и напредува, влегувајќи во различни региони во светот. Европејците го користат изговорот на наводната руска закана за да ги прикријат сопствените грешки во економската политика“, истакна Путин.
Во исто време, рускиот претседател предупреди дека нема да има помалку надворешни закани за Русија.
„Русија е подготвена за соработка и обновување на односите со Европа. Ајде едноставно да живееме во хармонија. Во спротивно, и Москва ќе мора да одговори“, рече тој.
Путин повтори дека Русија нема никакви агресивни намери кон Европа, потсетувајќи дека Европејците на изборите јасно ставаат до знаење дека не сакаат никаква војна со Русија.
МИА
Ново на Сител
-

Светска банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија на 3,2 отсто
-

Петрова ја прифати средбата со Муцунски - Скопје во Софија без очекувања
-

Артан Груби понуди гаранција од 335.707 евра за да му биде вратен пасошот
-

Фехми Стафа: „10 години ќе лежам, ама нема да лажам дека парите се за Ѓоко“
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Нема кратење на празниците, ниту зголемување на старосната граница за пензионирање
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
