Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози – изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјенџин.
– Сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација расте. Здружувањето би можело да стане најважниот фактор во формирањето на пофер систем на глобално управување – рече Путин и повика на враќање на традиционалните вредности на меѓународната агенда.
Вкупниот БДП на земјите од ШОС расте побрзо од светскиот просек и покрај тешкотиите во глобалната економија, а според рускиот лидер, „Москва ја поддржува иницијативата на Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана за конкретно разгледување на предлогот“ – пренесуваат руските медиуми.
Денеска на самитот на ШОС, кинескиот претседател Си Џинпинг претстави иницијатива за „глобално управување“ за создавање пофер глобален систем.
На самитот на ШОС учествуваат, меѓу другите земји, Азербејџан, Египет, Индонезија, Турција, како и ОН, АСЕАН, Евроазиската економска унија, ОДКБ и ЗНД.
МИА
Ново на Сител
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ
-
Левица објави 5 кандидати за скопските општини
-
Лекарска комора ќе прави вонреден стручен надзор по добивање на документацијата за 8-те сомнителни случаи
-
Вардариште повторно гори, партиите се препукуваат
-
Јаневска: Нема бришење и поправање оценки во новиот е-дневник
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“, Васев не се чувствува виновен
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложена седницата за надзор на АНБ