-->
-->
Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили
-->

Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Во видео обраќање, Путин синоќа им го честиташе на Русите Денот на бранителите на татковината кој се одбележува на 23 февруари.
Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истакнувајќи дека апсолутен приоритет претставува развојот на нуклеарната тријада како гаранција за националната безбедност.
– Квалитативно ќе го зголемиме потенцијалот на сите останати родови и служби на вооружените сили, ќе ја подобриме нивната борбена подготвеност, мобилност и способност за дејствување во какви било, дури и во најтешки услови-најави Путин.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
