Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
Русија презема мерки за да му помогне на иранскиот народ во услови на ескалација на Блискиот Исток, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
- Имаме долгогодишни, добри и сигурни односи со Иран. Од наша страна, ние вложуваме напори да му помогнеме на иранскиот народ, рече рускиот претседател.
Русија е на вистинската страна од историјата во услови на нападите на САД и Израел врз Иран, рече Арагчи.
„Денес, Русија е на вистинската страна од историјата и меѓународното право“, рече иранскиот министер за надворешни работи.
Арагчи додаде дека Иран им се заблагодарил на своите руски пријатели за нивната „решителна осуда на агресивните дејствија“ против Исламската Република.
Путин, исто така, разговарал по телефон со ирачкиот премиер Мохамед ал-Судани, со кого разговарал за ситуацијата на Блискиот Исток, објави прес-службата на Кремљ.
- Телефонски разговор се одржа меѓу претседателот на Руската Федерација Владимир Путин и премиерот на Република Ирак Мохамед ал-Судани. Беше остварена длабинска размена на мислења за ситуацијата на Блискиот Исток во врска со операцијата на израелските сили против Иран, како и ракетниот и воздушен напад на САД врз иранските нуклеарни постројки“, се вели во соопштението на Кремљ.
За време на разговорот, Путин и Судани се согласија да помогнат во одржувањето на првиот руско-арапски самит во октомври, соопшти прес-службата на Кремљ.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро