-->
-->
Путин се сомнева дека дронот што се урна во Романија бил руски и предложи Москва да спроведе експертиза на остатоците
-->

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази сомневање дека дронот што падна врз станбена зграда во Романија бил руски и смета дека всушност станува збор за украинско беспилотно летало.
Путин предложи остатоците од леталото да бидат предадени на Русија за да може Москва да спроведе сопствена независна истрага.
Никој не може да зборува за потеклото на дронот додека не се направи експертиза на остатоците, рече Путин одговарајќи на новинарско прашање во врска со инцидентот.
„Кој во Романија зборува за тоа дека дронот е руски? Госпоѓа Фон дер Лајен не била во Романија, не ги испитала остатоците од овој дрон, никој не може да каже какво е потеклото на тоа или друго летало додека не се изврши експертиза“, нагласи рускиот претседател.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нова инвестиција во Битола - нови 2.000 работни места
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
