Рафиња за реваншот против Атлетико: Тоа беше грабеж

Напаѓачот на Барселона, Рафиња, даде свое видување за натпреварот со Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Каталонците синоќа победија во Мадрид со 2:1, недоволно да се пласираат во полуфиналето поради поразот со 0:2 на првиот натпревар.
– За мене, тоа беше грабеж. Атлетико направи не знам колку прекршоци… но судијата не покажа ниту еден жолт картон. Она што навистина сакам да го разберам се судиските стандарди против Барселона. Беше тешко, особено кога гледаме дека ни треба три пати повеќе напор за да го добиеме натпреварот. Само сакам да го разберам стравот на судиите од победа на Барселона. Разбирам да се направи грешка во еден натпревар, но во два по ред? „Невозможно е да се разбере, го цитираше инсајдерот Фабрицио Романо, Рафиња на социјалните мрежи.
Атлетико Мадрид се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе се соочи со победникот од натпреварот Арсенал – Спортинг (прв натпревар 1:0).
МИА
Ново на Сител
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
