Македонија
22. November 2023 - 19:39

Рана и прецизна дијагностика на карцином на простата со современа апаратура во “Аџибадем Систина”

Драстично се намалува старосната граница на пациенти со рак на простата. Ова малигно заболување се открива и кај мажи на 40 и 50 години.

Според лекарите раната и прецизна дијагностика е клучна за успешно третирање на болеста. Во Клиничката болница “Аџибадем Систина” со помош на современата магнетна резонанца можат да се видат сите промени на простатата и точно да се лоцира карциномот.

-Мултипараметриската магнетна резонанца на простата е радиолошки преглед кој што нуди добра визуелизација на морфологијата и анатомијата на самата жлезда, а со тоа и добра визуелизација и локализација на евентуални патолошки промени во неа. Тука влегуваат и некои воспаленија, акутни, хронични, вродени аномалии, БПХ...Прегледот се работи на апарати со високо магнетно поле 1,5 и 3 Тесла апарати, со посебни протоколи за таа намена и со постпроцесинг обработка на сликите кои претходно се направени, изјави д-р Митко Илиевски, специјалист по радиологија во “Аџибадем Систина”.

Урологот Мицковски вели дека оваа дијагностичка процедура се применува кога ПСА односно туморскиот маркер е покачен и има сомнеж за малигно заболување со ректалниот преглед, но и кога има индиција кај здрави мажи при систематски преглед.

-Тој редовен систематски преглед го надополнуваме со мултипараметсриски магнет на простата кој детектира и најмала зона на туморски променето ткиво, или дај боже се да е нормално. Со тоа после ние таргетирано ќе биопсираме. Раното откривање на тумурот оперативата ја олеснува и не води дали можеме да оперираме со заштита на нервите кои служат за ерекција, изјави д-р Александар Мицковски, специјалист уролог во  “Аџибадем Систина”.

Освен за дијагностика и третман на простата во “Аџибадем Систина” се применуваат сите најсофистицирани технологии и за другите уролошки состојби со ласерска хирургија која овозможува минимални резови и побрзо закрепнување.