Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво

Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од 2024-та, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во секторот Преработувачка индустрија, во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство, а опаѓање од 2,5 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 1,7 проценти во Рударство и вадење на камен.
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 8.3 проценти, Производство на електрична опрема со 8.2 проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7.7 проценти. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат на зголеменото производство и во одделите: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1.6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 6 проценти и Капитални производи за 3 проценти, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
-

Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-

Преглед на вестите од светот
-

Седница за пратенички прашања
-

Бланар од Скопје: ЕУ не смее да применува двојни стандарди кон земјите кандидати
-

Руската амбасада ги отфлра обвинувањата на АНБ за проруски хибридни активности и бараат објаснување
-

Истрага за злоупотреби со исплати на ФЗОМ, опфатен и поранешен директор
-

Нема сомнителни приливи од Србија во Македонија, тврди гувернерот на НБРМ, Славески
