Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.
Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, соопшти МНРиНТ.
Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.
Стана збор и за регионалното поврзување, при што Муцунски ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.
Муцунски и Калас разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација, стои во соопштението од МНРиНТ.
Ново на Сител
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
-

Охрид има капацитет за привлекување туристи во текот на целата година
