„Разговори за иднината во 12:05“: Нема амнестија за корумпираните политичари, незаконскиот имот мора да се одземе
Кривичните дела поврзани со политичка корупција да не застаруваат, незаконски стекнатиот имот на функционерите да се конфискува, а затворските казни да се зголемат до 15 години. Ова се дел од барањата на организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“, кои реагираат на најавите за донесување нов Кривичен законик.
Според нив, новиот закон претставува чекор напред во борбата против корупцијата, но не дава одговор како ќе се обезбеди одговорност за претходните злоупотреби, особено по измените на Кривичниот законик од 2023 година.
Во соопштението се наведува дека тогашните измени овозможиле намалување на казните за злоупотреба на службената положба и побрзо застарување на кривичните дела. Организаторите тврдат дека околу 800 поранешни и сегашни функционери имаат корист од ваквите законски решенија.
Тие предлагаат во Кривичниот законик да се воведе нов член 112-а, со кој ќе се предвиди незастарливост на кривичниот прогон и конфискацијата на противправно стекнатиот имот за дела поврзани со корупција сторени од избрани и именувани лица, како и од јавни и државни службеници кои располагаат со буџетски средства.
Дополнително, бараат зголемување на затворските казни за противправно стекнување и прикривање имот. Предлогот предвидува минималните казни да се зголемат од шест месеци на три години и од една на пет години, а максималните од пет на десет и од осум на 15 години.
Третото барање е донесување посебен Закон за потекло на имот, со кој ќе се овозможи испитување на имотот на сегашните и поранешните функционери, како и на членовите на нивните потесни семејства.
„Борбата против политичката корупција не смее да се сведе на гола реторика“, порачуваат организаторите, барајќи конкретни мерки за одговорност и одземање на незаконски стекнатиот имот.
Ново на Сител
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
