Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
Регрут на украинската армија со автоматско оружје усмртил двајца инструктори на обука во североисточна Украина, соопшти денеска полицијата во Черниговската област.
Осомничениот испукал неколку куршуми кон своите претпоставени, по што бил уапсен. Против него е поведена постапка и му се заканува доживотен затвор. Засега не е објавен мотивот за нападот, пренесува ДПА.
По руската инвазија во февруари 2022 година, во Украина е во сила воена состојба и задолжителна мобилизација.
Мажите на возраст за регрутација – од 18 до 60 години – смеат да ја напуштат земјата само со посебна дозвола.
На социјалните мрежи речиси секојдневно се појавуваат видеа од присилна мобилизација, во кои мажи се спротивставуваат на воената полиција – понекогаш и со помош од минувачи.
МИА
Ново на Сител
-
Од 1 септември учениците ќе имаат учебници по странски јазици
-
МЗ: Хоспитализација на деца наместо во Козле, времено во Детската клиника и на Инфективната клиника
-
ЦУК: Изгаснати 28 пожари, активен еден пожар во општина Василево
-
Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
-
Сообраќајна несреќа на влез во Скопје, сообраќајот се пренасочува
-
Доктори од Клиниката за онкологија вршат прегледи во болницата во Битола, а од идната недела и во болницата во Тетово
-
Ангелов: Досега пријавени околу 400 лица за превенција од пожари, рокот продолжен за уште пет дена
-
Приведен 75-годишен охриѓанец, возел со брзина од 126 километри на час каде ограничената брзина е 50