Рекордери: Во Македонија има двајца возачи со по дури 40 забрани за управување возило
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, гостувајќи синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“, изнесе загрижувачки податоци поврзани со сообраќајната култура и ефектите од досегашните казнени мерки. Тој посочи дека во државата има возачи на кои им е изречена забрана за управување возило, но и покрај тоа продолжуваат да учествуваат во сообраќајот.
Според евиденцијата на Министерството за внатрешни работи за период од четири години, најголем број прекршители – вкупно 55.435 лица – имаат по една забрана за возење. Дополнително, 7.987 возачи се казнети со две забрани, додека 1.863 лица имаат по три правосилни одлуки за забрана за управување моторно возило.
Тошковски нагласи дека има и потешки случаи, при што 687 возачи се евидентирани со четири забрани, 291 со пет, а забележани се и екстремни примери – двајца возачи на кои им биле изречени дури 40 забрани за управување возило.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-

Сејф сити системот почна да функционира, нови толеранции за возачите
-

Министерот за здравство не знае зошто професорот Кедев се повлекол од Здравствениот совет на министерството
-

Филипче: Оваа влада нема да издржи до 2028
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Почна првата од 4 фази за поврзување на подземната сообракајница кај Лимак
-

Билетите за културните настани двојно поскапени, но Љутков смета дека се достапни за секого
