Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени

Се стабилизираат состојбите на пазарот за јајца во Европа што резултираше со намалени цени на јајцата и во нашата земја, изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески по забележителниот пад на цената на јајцата на домашниот пазар во просек за 40-тина денари.
Падот на цената во некои маркети беше забележан и пред Нова година, а денес на повеќето проджни места.
-Не станува збор за владина мерка, туку за движењата на пазарот. Имаме податоци од Државниот пазарен инспекторат дека по Нова Година има намалување на цената на јајцата во малопродажбата. Тоа главно се должи на стабилизацијата на цените за храна во живинарските фарми, а и надминат е пробемот со птичји грип во Европа. Тоа една од основните причини за намалувањето на цената на јајцата. Очекуваме во наредниот период да се стабилизира цената на јајцата во маркетите и во продавниците и тоа би траело до Велигденските празници кога, традиционално, се зголмува побарувачката.Ние сме пазарна економија, односно понудата и побарувачката ја регулираат цената и на јајцата, изјави Ристески.
Во ноември имаше ценовен скок поради недостигот од јајца во околните земји и во Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Собранието ги избра адвокатката Јошевска и професорката Кадри за членови на Судски совет
-

Истрошени се сите средства од Народен правобранител, должиме 70 илјади евра за кирија, вели Руфати
-

Апасиев засега единствен преставник на опозицијата на лидерската кај Мицкоски
-

Четири општини со ново раководство по повторените избори
-

СДСМ алармира за опасно задолжување
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 50 мандати повеќе од СДСМ
-

Камбовски: Оптимист сум за новиот Закон за Судски совет
