Ристески: Синдикатите да направат анализа за минималната плата што ја бараат, протестите се политикантство

Наместо да се занимаваат со политикантство, синдикатите што протестираат да направат анализа како би влијаела минимималната плата од 600 евра која ја бараат - дали ќе предизвика затворање на малите, микро и средните претпријатија кои едвај преживуваат од први до први, дали ќе влијае врз цените на крајните производи, дали ќе предизвика зголемување на инфлацијата или некои други последици врз домашната економија, порача вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.
Во гостување на дневникот на ТВ Сител, Ристески уште еднаш напомена дека за зголемувањето на минималната и другите плати, работодавачите и работниците треба да се договорат и да најдат заедничко решение кое Владата е подготвена да го прифати. Ако тоа не се случи, останува да важи формулата за минималната плата, донесена со трипартитниот дијалог, која, рече, ја потпишаа и синдикатите што сега протестираат.
Заменик-министерот е дециден дека барањата за зголемување на минималната плата мора да базираат на реални економски параметри кои нема да предизвикаат никакви турбуленции во домашната економија.
- Она што го бараат синдикатите не е реално, исфрлени се ад-хок бројки, прво се зборуваше за 450 евра, а сега се дојде до 600. Барањата треба да бидат на реална основа, врз реални економски параметри кои нема да создадат турбуленции во економијата. Не гледам причина за протестирање, зашто врз основа на демократски дијалог синдикатите треба да го решат проблемот околу минималната плата со приватниот сектор. Кога бараме ад-хок решенија како ова за 600 евра минимална плата, треба да имаме и анализа што ќе значи тоа. Мислам дека овие синдикати анализа немаат направено и дека ова е длабоко политикантство. Додека го трошеа времето на политикантство, можеа да седнат и да направат анализа, подвлече Ристески.
Тој се осврна и на договорот што го постигна Владата со УПОЗ и САДУ за зголемување на платите на 11 000 административци.
- Владата покажа капацитет за социјален дијалог и го заокружи процесот на згоплемување на платите во јавната администрација. Сега претстојат преговорите за новиот Опш колективен договор. Сакаме системско решение за администрацијата и за сите вработени во јавниот сектор. Во однос на работодавачите и работниците, не сакаме да го наметнуваме нашиот став, сепак се работи за приватен сектор. Двете страни треба да најдат заедничко решение, потенцира Ристески.
МИА
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
