Македонија
4. May 2022 - 12:20

Родителите реагираат: Македонските бранители немаат достојни споменици

Живееме во време на извртени вредности и затоа не зачудува тоа што на припадниците на ОНА им се подигаат монументални споменици, а на македонските бранители скромни спомен обележја, вели Убавка, мајката на загинатиот војник Влатко Петров. Гледам вели, а солзите сами ми течат.

- Солзите ми течат затоа што тие се прават бранители, а нашите деца што се, за кого загинаа, за кого? Нашите деца се отфрлени, некој друг сега е бранител, а нашите деца излегоа дека се небранители. Меѓутоа тоа е, тешко ми е, не можам да се помирам, изјави Убавка Петрова, мајка на загинат бранител.

Горда е што одгледала 24 годишен син, кој животот го положи на олтарот на татковината.

- Горда сум што го исчував и му велев, таа работа е тешка, но тој ми рече, мамо некој мора да брани оваа држава, изјави Петрова.

Во Штип, во спомен на четиримината загинати наши сограѓани во конфликтот од 2001-та година, спомен обележје има во паркот Сујтлак. 

- Не сум задоволна од споменикот овде што го има. Да се направи биста, на нешто барем да заличи, а ова се само камења со имињата нивни, додаде Петрова.

Влатко Петров и Димитар Двојаковски загинаа во заседа кај Ваксинце, како дел од групата која во транспортер се враќаше од терен.