Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства

Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, изјави дека ќе се спротивстави на „агресијата на САД преку дипломатски средства“, објавија денеска медиумите.
„Потврдив дека Венецуела ќе продолжи да се спротивставува на оваа агресија преку дипломатски канали“, додаде таа, кратко откако Вашингтон и Каракас ја објавија својата подготвеност за обновување на дипломатските односи.
Според неа, Венецуела ќе се спротивстави на „криминалната агресија“ на Соединетите Американски Држави „преку дипломатски канали“.
За време на онлајн состанокот со претседателите на Бразил и Колумбија, Лула да Силва и Густаво Петро, како и шпанскиот премиер Педро Санчез, Родригез ја осуди она што го нарече „криминална, нелегална и нелегитимна агресија извршена против Боливарската Република Венецуела“ на 3 јануари, со бомбардирањето на САД што му претходеше на апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Таа додаде дека дели заеднички став за „унапредување на поширока програма за билатерална соработка“ меѓу Венецуела и Соединетите Американски Држави, почитување на суверенитетот и вклучување во дијалог.
Во посебна изјава, привремената претседателка му се заблагодари и на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за неговата подготвеност да придонесе за развој на програма за дијалог меѓу САД и Венецуела заснована на почитување на меѓународното право.
Катар со години играше посредничка улога во преговорите меѓу Венецуела и САД, а по акцијата на САД на 3 јануари, повторно понуди посредништво, повикувајќи на „решавање на разликите преку дијалог“, потсетува „Ле Фигаро“.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воен аналитичар
-

Утре се избираат градоначалници во Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа
-

Избега од Македонија 18 годишниот возач кој без возачка, вчера усмрти жена во Капиштец
-

Извештај на ЦУК за поплави и свлечишта во најкритичните места
-

Ризикот од поројните дождови поголем во урбаните средини
-

Штети од поплавите во кочанско
-

Од март стапува на сила поригорозен закон за заштита од пушењето - се забрануваат и електронските цигари
-

Цените на становите уриваат рекорди, ќе има ли стабилизација?
