Рос Браун: Во историјата на Ф1 нема подобар од Шумахер

Поранешниот директор во Формула 1, Рос Браун, кој работеше во неколку тимови го смета Михаел Шумахер за најдобар во историјата на овој мото-спорт.
Тој зборуваше квалитетите и особините кои како што рече, Германецот го прават различен од другите.
– Она што го направи Мајкл извонреден беше неговата способност да го комбинира својот талент со напорна работа и интелигенција. Неговата посветеност на неговиот занает беше неспоредлива, а тој исто така имаше речиси уникатна способност да ги подигне своите вештини на сè повисоки нивоа. Историјата на Формула 1 е полна со талентирани возачи кои, сепак, не знаеле како да го применат овој талент во пракса. Тој несомнено се одликуваше со неговата неверојатна физичка подготвеност, колосална моќ на концентрација и невидена одлучност. Ги имаше сите потребни атрибути за да ги уништи своите противници, изјави Браун.
Википедија
Најуспешниот ангажман на Шумахер беше со Ферари – заедно со италијанскиот тим, Михаел пет пати по ред ја освојуваше шампионската титула.
-Многу ми значи тоа што му помогнав да ја освои секоја од седумте титули. Тоа беше нешто неверојатно за мене. Нема никој над Шумахер, додаде Браун.
Германецот стана светски шампион во 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004 година.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
