Русија го зголемува военото присуство на границата со Финска
Сателитските снимки покажуваат дека Русија го зголемува воено присуство долж границата со Финска, објави Финскиот јавен сервис (ФТВ).
Според сателитските снимки се гради гарнизонски згради за артилериска бригада во градот Кандалакша во областа Мурманск, што е прв знак за постојано зголемување на бројот на војници во близина на границата.
Властите во Мурманска област соопштија дека се гради нов воен град и се реновираат стари станбени блокови во населбата, што се наоѓа на околу 150 километри од финската граница.
ФТВ соопшти дека сателитските снимки покажуваат промени и на други руски воени локации во близина на руско-финската граница.
Русија и Финска ги дели граница долга 1.340 километри.
По нападот на Русија врз Украина, Финска и Шведска се откажаа од воената неутралност и станаа членки на НАТО.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП