Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебните напади, а билансот од синоќешните офанзиви е четворица загинати при украинските напади и една жртва од руските напади.
Во синоќешните украински напади врз повеќе руски области загинаа најмалку четири луѓе, а 19 се повредени.
Еден човек загина, а тројца се повредени при напад со украински дрон во Севастопол, на анектираниот полуостров од Русија, Крим.
Три лица загинаа, а деветмина се повредени при украински напад со дрон во Белгородската област.
Украина изврши напади и врз јужната руска Ростовска област при што се повреден седум луѓе, од кои две деца, кои се примени во болница. Од остатоци од дрон погодени се два станбени блокови во пристанишниот град Ростов на Дон.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека извршен е напад врз терминал во украинското пристаниште Николаев.
Во меѓувреме, гувернерот на Одеса, Олех Кипер на Телеграм објави дека при руските напади загина едно лице, а тројца се повредени. При нападите изгореле пет транспортери на жито се изгорени, а три се оштетени. Тој додаде дека се изгаснати сите пожари.
Додека во руските напади врз Киев, повредени се две лица.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
