-->
-->
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-->
Руското министерство за одбрана се огласи по упадите на руски дронови во полскиот воздушен простор, за што претходно извести Варшава.
-Целите на нападот се остварени. Сите одредени цели беа погодени. Ниту една цел на територијата на Полска не беше планирана како мета, се наведува во соопштението на министерството.
Тие додаваат дека дострелот на руските беспилотни летала користени во нападот, кои наводно ја преминале полската граница, „не надминува 700 километри“.
-Сепак, подготвени сме да одржиме консултации со полското министерство за одбрана по ова прашање, наведе руското Министерство за одбрана.
Кремљ одби да коментира за инцидентот, со порака дека тоа е прашање за функционери од одбраната.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени