САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го нападна кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, наметнувајќи му визни ограничувања, поради неговата улога во репресијата на масовните протести во 2021 година, јави ДПА.
Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи Лазаро, Алварез Касас и соработниците поради нивната улога во бруталноста на кубанскиот режим кон кубанскиот народ“.
Ограничувањата за кубанските лидери ќе влијаат и на нивните најблиски членови на семејствата, пренесе германската агенција.
„Стејт департментот, исто така, го додаде контролираниот од режимот „Торе К“ на кубанската листа со ограничувања за да спречи американските долари да ја финансираат репресијата на кубанскиот режим“, рече Рубио во објава на X.
„Додека кубанскиот народ страда од недостиг на храна, вода, лекови и електрична енергија, режимот расфрла пари на своите луѓе одвнатре“, додаде Рубио.
Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, одговори на X дека, иако „САД имаат капацитет да воведат патни ограничувања и казни против револуционерните лидери и да водат продолжена и сурова економска војна против Куба… тие немаат капацитет да ја скршат волјата на овој народ или неговите лидери“.
Во јули 2021 година во неколку градови на Куба беа одржани демонстрации за слобода и против репресијата и лошото политичко владеење. По масовните протести, стотици демонстранти беа осудени на затворски казни.
Рубио во синоќешната изјава наведе дека кубанскиот режим „неправедно“ притворил илјадници луѓе, „вклучувајќи над 700 лица кои сè уште се затворени и се подложени на тортура или злоупотреба“, пренесе ДПА.
Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера соопшти дека стотици од уапсените во протестите преживеале сериозна злоупотреба додека биле во затвор.
„Пред четири години, кубанската Влада започна репресија врз илјадници Кубанци кои мирно излегоа на улиците барајќи права и слободи“, рече директорката на HRW за Америка, Хуанита Гоебертус, додавајќи дека и „денеска, стотици и натаму се зад решетки во ужасни услови“.
Ново на Сител
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир