Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормускиот теснец, што е најмалку од 7 мај наваму, покажуваат прелиминарните податоци на компанијата за следење на поморскиот сообраќај „Кплер“ (Kpler).
Станува збор за многу голем танкер за превоз на течен гас што вчера навлегол во Ормускиот теснец од Оманскиот Залив. Во неделата низ Ормус поминале шест товарни бродови од различни видови.
Податоците може дополнително да бидат ажурирани, бидејќи дел од бродовите ги исклучуваат транспондерите при пловидбата низ Ормускиот теснец, што значи дека нивното движење не е регистрирано во системите за следење.
Ормускиот теснец е еден од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта и течен природен гас, а сообраќајот низ него значително е намален поради актуелниот конфликт и безбедносните ризици во регионот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
