Сараево повторно на врвот на листата на најзагадени градови во светот

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево повторно има најзагаден воздух во светот со индекс на квалитет на воздухот од 410.
Порталот IQAir, кој го следи индексот на загаденоста на воздухот во светот, изутрината објави ажурирана листа на градови, а Сараево е на прво место со воздух во категоријата „опасен“ по здравјето.
Следува Дака, главниот град на Бангладеш, со индекс на квалитетот на воздухот од 261, додека Калкута, Индија и Ханој, Виетнам, имаат слични индекси. Од градовите во регионот, Приштина е рангирана на 15. место со индекс 161, а Скопје на 19. со индекс 153. Белград со индекс 85 и Загреб со индекс 66 се рангирани на 44. и 70. место.
Владата на кантонот Сараево вчера прогласи „узбуна“ поради екстремно загадениот воздух, кој е опасен по здравјето на населението. Во Сараево се воведуваат привремени мерки, вклучително и забрана за движење на автомобили и камиони чии мотори имаат стандарди ЕУРО3 и пониски во зоната А, односно на подрачјето на четири градски општини.
Кантоналната влада препорачува целото население да го намали престојот на отворено и физичката активност. Експертите предупредуваат на потребата од итна акција за да се избегне катастрофата со големиот смог.
Просечно 3,300 луѓе годишно умираат на рана возраст во БиХ од последиците од аерозагадувањето, покажуваат податоците на Светската банка.
Зачувувањето на вентилационите коридори, преминувањето кон почисти извори на енергија и намалувањето на сообраќајниот метеж се императив за решавање на проблемот со аерозагадувањето.
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
