Македонија
22. July 2023 - 19:41

Се бара начин за спас на штипското комунално претпријатие

Мерките за надминување на финансискиот колапс на ЈП „Исар“ од Штип даваат резулатите, тврди првиот човек на претпријатието Кирил Зајков. Само со псредствата кои ќе се заштедат од неисплата на прекувремени саати ќе има доволно пари за усогласување на платите на сите вработени.

Она што во моментот го правиме разговараме со синдикатот и со сите раководители на организационите единици во насока на понудување на технолошки вишок на лица кои би се јавиле, согласно оваа одлука за намалување на бројот на вработени, изјави Кирил Зајков, директор на ЈП „Исар“-Штип.
На овој начин ќе се зголеми ефикасноста, а ќе се намалат трошоците. Заштедените средства ќе се искристат за сервисирање на долгот на ЈП „Исар“, како и за зголемување на платите на самите вработени.

Само по основ на прекувремени саати ќе акумулира доволни средства кои ќе придонесат за да се направи услогласување на платата на сите вработени, изјави Зајков.
Со мерката за намалување на бројот на вработени во ЈП „Исар“ ќе бидат опфатени 30 лица.

Во делот на вработените на определено време не станува збор за прекинување на договори за работен однос, туку по завршувањето на периодот за кога биле ангажирани работниците ќе се направи нова анализа, која е реалноста, дали ќе треба повторно да се ангажираат овие лица и на кој временски период. Овие мерки се однесуваат само на доброволна основа и на вработени кои се на определено време.-додаде Зајков
Доколку мерките не го дадат очекуваниот резултат, ќе се изготви функционална анализа на вработените на неопределено време. На име плати и придонеси претпријатието месечно издвојува 12 милиони денари.