Се чекаат пресметките пред да се каже дали и колку ќе поскапи струјата по нова година
Ќе ги здрма ли граѓаните струен ценовен шок по нова година? Енергетските компании ги прават последните подготовки колкаво поскапување на струјата ќе побараат од следната година.
Потоа Регулатна ќе донесе конечна одлука. Првиот човек на РКЕ уверува дека дополнителниот увоз на електрична енергија кој се прави за снабдување на компаниите од прехранбената индустрија , училиштата и водостопанството – нема да влиајаат врз цената, односно трошокот кој го прави ЕСМ за овој увоз е нула денари. Сепак, поради високите цени на струјата на светските берзи, се поизвесно е дека цената која ЕСМ ќе и ја понуди на ЕВН хоум да биде повисока.
По која цена ЕСМ ќе и понуди на ЕВН хоум да ги снабдува домаќинставата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар, не знаеме. Дали ќе биде 48 евра за мегават,, колку што е сега и е далеку пониска од реалната. Понатака мора да видиме колкави ќе бидат трошоците за загуби на енергетските. Доколку на тие тендери има екстремно високи цени, што е многу веројатно, ќе видиме дали има потреба ЕСМ да дава по далеку пониска цена, изјави Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
Од следната година граѓаните ќе плаќаат и поскапа вода. Поради зголемени трошоции, згоемување на цената побарале неколку општини, меѓу кои и Скопје.
Регулаторна ќе определи најниска и највисока цена, а Советот на општините ја носи конечната одлука., додава Бислимовски.
Во моментов граѓаните на Скопје плаќаат просечна цена од 23,24 днари. - домаќинставата 18,5, а останатите корисници 49,5 денари.
Сега Водоводното препријатие бара просечната цена да биде 38,57 денари за метар кубен, но и да се зголеми цената за собирање отпадни води и за прочистување.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
