Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи во врска со вчерашниот пожар во Визбегово, поведе итна постапка против две лица – маж и жена за кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.
Постапката е поведена бидејќи двајцата физички нападнале екипа – новинар и снимател на ТВ Алсат М и ги спречиле во извршување на нивните службени задачи, односно да известуваат за настанатиот пожар во близина на отпад за старо железо, соопшти ОЈО Скопје.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, додека за осомничената е предложена мерка куќен притвор, бидејќи се грижи за две малолетни деца на возраст од 9 месеци и 3 години.
Мерките се предложени со цел нивно обезбедување, со оглед на тоа што освен наведеното кривично дело, обвинителството продолжува да ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сооственост на осомничените и евентуалните опасности предизвикани врз животот и телото на луѓето, имотот и животната средина. Во таа насока во текот на вчерашниот ден и денеска се издаваат повеќе наредби и насоки за обезбедување докази, наведуваат од ОЈО Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите
-
Охрид доби уште една шанса од УНЕСКО, Мицкоски најави рушење на дивоградбите