-->
-->
Се претставил како полицаец и ѝ рекол дека ќерка ѝ прегазила дете, 72-годишна жена измамена за 9.700 евра
-->
Жена од Скопје (72) пријавила во полиција дека била измамена од едно лице за сума од 9 700 евра. Како што информира МВР, лицето и се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и и кажало дека нејзината ќерка и нејзиниот зет предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете, како и доколку не сака да лежат во затвор, требало да плати.
Според пријавата, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека била измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ