Бизнис
6. јуни 2018 - 21:15

Се решава деценискиот проблем со водоснабдувањето во Гевгелија

Гевгелија наскоро ќе добие подобрено водоснабдување. Овој децениски проблем на гевгеличани ќе биде решен со завршувањето на изградбата на новиот систем за водоснабдување. Со  проект кој се реализира преку ИПА програмата,  но и средства од министерството за транспорт и врски  и локалната самоуправа се обезбедува дополнителна количина на вода за пиење, но и решавање на проблемот со присуството на арсен во водата.  Увид во изградбата на системот денеска направи и министерот за траспорт и врски кој беше во работна посета на Гевгелија.

,, Гевгеличани овој децениски проблем кој што го имаат со водоснабдувањето ќе биде решен и конечно тие ќе имаат и вода, меѓутоа ќе имаат и чиста вода за пиење. Многу е битно да го решиме овој проблем не заради политички поени туку да го решиме овој проблем се со цел бенефит на крајот да имаат граѓаните на општина Гевгелија.,, вели Горан Сугаревски.

,, Граѓаните на општина Гевгелија треба да очекуваат решавање на деценискиот проблем со присуството на арсен во водата да биде минато, поголема можност за пишироко снабдување со вода што треба да реши  одделни недостатоци на вода во летниот период.,, вели Сашо Поцков

За време на денешната посета на Гевгелија министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски најави и повеќе инфраструктурни проекти  значајни за овој регион. Еден од нив е реконструкција на патот Гевгелија Негорци долг 6,5 километри инвестиција вредна 80 милиони денари.