Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.
Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош.
Набргу потоа, се јавил и доктор од ИМП Велес, кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.
Ново на Сител
-
Стармер и Макрон ветија дека ќе работат за праведен и траен мир во Украина
-
Зеленски им се заблагодари на европските лидери за заедничката изјава за мир во Украина
-
Илјадници демонстранти во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците
-
Уапсени 30 странски државјанки во тетовско, го злоупотребиле туристичкиот престој
-
Пронајдена дрога при претерес во Гостиварско
-
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош се дистрибуирани минатата недела во Газа
-
Поранешниот премиер на Чад осуден на 20 години затвор за поттикнување насилство
-
Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев