Се уште најголем број тестови се плаќаат од џеб
Во најголемата економска криза граѓаните и понатаму од свој џеб плаќаат за ПЦР тест. Иако бројките и на тестирани и на позитивни на Ковид се во опаѓање последниот месец дневно се прават околу 3000 тестови, од нив помалку од 600-тини се во државните лаборатории иако имаат капацитет за многу повеќе. Ова го покажува и последниот извештај, вчера биле земени 2557 брисеви, од нив 599 се анализирани во јавното здравство.
На пример Институтот за јавно здравје има капацитет дневно да обработува по 3000 Ковид тестови, колку што се тестира периодов во целата земја, а таму дневно обработуваат само 300 до 400. Директорот на ИЈЗ вели дека толкава бројка на материјали за анализи добиваат преку Мој термин.
- Ние дневно правиме, сега е намалена бројката на тестови и правиме 300-400 тестови, а ИЈЗ има опрема и капацитет да направи и до 3000 тестови. Мој термин одредува колкава ќе биде бројката на секоја здравствена установа, во овој случај лабораторија. И бројката ни е ограничена и толку треба да направи ИЈЗ и тоа треба да се види со министерството за здравство и Мој термин, изјави д-р Шабан Мемети, директор на ИЈЗ.
Од министерството за здравство велат дека станува збор за установена двегодишна процедура за закажувањето термини во Институтот и Центрите за јавно здравје.
Станува збор за веќе установена двегодишна процедура во однос на закажувањето на термини како во Институтот , така и во Центрите за јавно здравје.
- На средина на месец февруари се отворени дополнителни пунтови во Ѓорче Петров,Идадија и Битпазар со цел зголемување на капацитетот за тестирање. Сите прашања околку функционирањето во овој сегмент се дискутираат и анализираат во рамки на самата Комисија каде има и претставници од ИЈЗ, а заклучоците кои произлегуваат се споделуваат со јавноста транспарентно, велат од мз.
Цела пандемија матични лекари алармираат дека многу тешко се доаѓа до термин на државно. За време на пиковите се чекаше и повеќе од една недела.
Инаку досега во земјава направени се близу 2 милиони Ковид тестови. Од нив само околу 400.000 се во ИЈЗ, над 200.000 во ЦЈЗ и други државни установи, а останатите се во приватните лаборатории за што граѓаните платиле над 30 милиони евра
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
