Македонија
3. January 2026 - 16:46

Семејството Арслани бара правда за 2 годишното дете кое почина по повреда за новогодишната ноќ

Семејството на детето кое почина откако беше погодено од залутан метален предмет во главата, денеска јавно побара правда и одговорност.

Сликата од кобната вечер за таткото Муша Арслани е се уште во магла. Се се случило за секунда додека мајката го држела детето во раце во дворот за да гледаат огномет, детенцето одеднаш паднало, а неговата глава била облеана во крв.

Роднини на семејството кои биле очевидци го опишаа настанот кој се случил пред семејната куќа. 

Адвокатот вели дека од судската медицина добиле потврда во која пишувало дека детето е починато од насилна смрт, но обдукцискиот извештај се уште не е завршен. Срџан Амет најави правна битка за да се најде одговорност за тоа дали,кој пукал и која е причината за смртта на детето. Адвокатот пријавил и ќе бара одговорност  за начинот на кој биле приведени таткото и членови на семејството од болницата каде го однеле детето. 

Лекарите по новогодишната ноќ известија дека детето било донесено со рана во главата, но не можеа со сигурност да потврдат дали станува збор за куршум или друг метален предмет. 2годишното дете им подлегна на тешките повреди на мозокот по 24 часа откако беше применио на клиника. Лекарите соопштија дека тешките повреди на мозокот од метално страно тело не дозволувале хируршко лекување. Истрагата за случајот се уште е во тек.