Сенатот на САД предложи резолуција за поддршка на влезот на Македонија во ЕУ
Американскиот сенат донесе одлука да ја поддржи Македонија за побрз влез во ЕУ, преку донесување резолуција. Предложената резолуција е потпишана од двајца сенатори демократи и двајца републиканци. Во неа се повикуваат претседателот на САД и државниот секретар, како и Европската Унија да се отвори првиот преговарачки кластер со Македонија, без дополнителни билатерални услови, нагласувајќи дека земјава е важен стратешки партнер.
„Северна Македонија останува важен безбедносен партнер на Европска Унија и САД и НАТО сојузник, обезбедувајќи ја Украина со хуманитарна помош и значителна воена опрема, гласајќи во корист на Советот за безбедност на Обединетите нации и резолуциите на Генералното собрание против руската агресија, усвојувјќи ги сите руски санкции од Европската Унија“, пишува во резолуцијата.
За министерот Бујар Османи, резолуцијата ќе биде ветер во грб за Македонија, но и охрабрување за земјите членки на ЕУ, а истата носи и порака до политички сили во земјава кои гледаат други алтернативи наместо европска интеграција.
Таа ќе помогне и во охрабрувањето на земјите членки, во нашето охрабрување дека немаме алтернатива освен членство во ЕУ. Малку е и порака до политичките фактори овде коишто заговараат дека може да има алтернатива на ЕУ, меѓутоа, процедурите се утврдени.
Од владејачката СДСМ ја поздравија резолуцијата нагласувајќи ја блокадата на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Македонија во ЕУ.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист со резолуцијата, велат од опозициската партија.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и до сега бил во насока на она што го тврдат нашите партнери од САД, старт на преговори без дополнителни условувања држејќи се до копенхагенските критериуми. Во исто време, добро е што во предлог Резолуцијата се нагласува и потребата од реформи во владеењето на правото, за што Македонија со СДС и ДУИ има негативна оценка од ЕК, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар