Шест случаи на семејно насилство за едно деноноќие

Шест одделни случаи на семејно насилство, при што полициски службеници привеле пет лица осомничени за различни облици на физичко и психичко насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во повеќе градови низ државава, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Полицијата од ОВР Гостивар го лишила од слобода 27-годишниот Ј.З. од село Долна Бањица, по пријава од неговата сопруга (26). Според пријавеното, тој упатувал закани кон нејзината мајка преку социјални мрежи, по меѓусебно недоразбирање.
Во Крива Паланка имало два случаи. Првиот случај бил пријавен во 12:05 часот, кога полицијата го привела 18-годишниот Т.Д. од Крива Паланка поради физички напад врз неговиот татко. Додека, во вториот случај, пријавен во 00:45 часот, лишен од слобода бил 49-годишниот Е.В.М. од истиот град, кој физички го нападнал 16-годишниот син на неговата сопруга.
Полицијата од СВР Битола го привела 33-годишниот И.Р. од битолско село, по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга.
Во Прилеп, 45-годишна прилепчанка пријавила дека нејзиниот сопруг Е.Ш. физички ја нападнал во нивниот дом. Додека во Охрид, полициски службеници го привеле 44-годишниот О.Л. од Охрид, кој, според пријавата, физички ги нападнал неговата невенчана сопруга и нивното малолетно дете.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот по средбата со маркетите: Нема основа за зголемување на цените
-

Tема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенција за иселеништво
-

Ланците маркети на средба во Владата - Се бара начин да се спречи раст на цените
-

Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи
-

„Иднина која инспирира“: dm платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата
-

Ескалираат тензиите во Ормутскиот тенсец
-

Мицкоски на средба со трговците и претставници на маркетите, опозицијата бара мерки
-

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи за „Сејф Сити”
