-->
-->
Шестгодишно дете тешко повредено откако во него удрил камион во Скопје
-->

На 3 ноември 2026 година, во 16:30 часот, во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа на улицата „362“ во Скопје, во која било повредено шестгодишно дете.
Според пријавата, 48-годишниот М.С. од Скопје, управувајќи товарно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, удрил во детето.
Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По пријавениот настан, на местото на несреќата бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Скопје.
Се утврдуваат околностите под кои се случила сообраќајната несреќа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: Решение може да се најде за рационални прашања
-

Германски „Гересхајмер“ со нови дополнителни инвестиции во Македонија
-

Самит за проширување во Брисел: Сиљановска бара потег од ЕУ и рамноправен дијалог
